Тјунерите што имаат исксутво во мотоспортот се мала и
одбрана група. ABT Sportsline е еден од нив и е инволвиран во
германскиот DTM шампионат со Audi.
Затоа сите доработени автомобили во АВТ имаат лик што
вели „брзо” дури и ако станува збор за тјунирање на еден SUV или
кросовер како што е VW Tiguan.
Новиот понизок и поагрезивен изглед е плод на спуштената
суспензија со целосно поддесиви амортизери. Уникатен аеродинамичен кит и
огромни леснометални бандажи од 18 и 20 инчи. Сето ова му дава на ABT
Tiguan многу агресивна нота.
Одзади новиот браник, малиот спојлер на кровот и четирите
издувни цевки им даваат на луѓето крај кои минувате нешто на што ќе му се
восхитуваат и слушаат.
Моќноста е заголемена за 33 проценти од 150 на 200 коњски
сили од 1.4 литарскиот TSI бензинец. 2.0 литарскиот турбодизел остварува 170 КС,
додека они гладни за дизел и за моќ можат да ја изберат опцијата ABT
Power S turbo која го турка дизелот до здрави 200 коњи со помош на
зголемување на притисокот во турбо полначот.
Кога ќе заврши патот 345 милиметраските вентилирачки
дискови на АВТ брзо го запираат залетаниот SUV.
Во комбинација со тјунираната суспензија и моќните мотори
Tiguan може да ги однесе децата на училиште и да ги врати дома
заедно со намирниците од супер маркетот, а потоа ноќе да крстосува по патиштата
за чисто задоволство на сопственикот.
Е ова може да се нарече вистински кросовер.
|