|
01.12.2007 |
Купето од серијата 1 на BMW сеуште е
новото момче во маалото, но неговиот линиски шестцилиндарец со два турбо
полначи е како предодреден да биде миленик на германските тјунери.
AC Schnitzer компанија која е основана во Ахен во
1987, создаде нов перформансен пакет за новото мало купе на BMW. Новиот кит
вклучува целосен аеродинамичен пакет и предна маска со спојлер, странични
завесе, задено крило и спојлер на кровот.
Елементите на предниот спојлер AC Schnitzer ги
обезбедил со алуминиумски носачи, додека одзади седи интегриран дифузор и
тркачки издувни цевки. Возните својства се подобрени со спортска суспензија и
носач кој ги поврзува предните амортизери.
Моторот по доработката остварува 360 КС, место сериските 306
КС кои го забрзуваат автомобилот до 100 km/h за помалку
од 5 секунди. Во истовреме максималниот вртежен момент пораснал од 400 на 450
Nm, а со него и максималната брзина од сериските 250 на импресивни 300 km/h.

|