|
23.07.2007 |
Специјалистот за набилдување на BMW, Schnitzer го сврте
вниманието кон новиот Mini Cooper S и крајниот резултат е синиот
бомбардер кој се појавува на фотографииве.
Најголемата модификација е тркачката суспензија развиена
на Нордшлајфе дел од патеката Нирбургринг која може да се комбинира и со
посебен кит од пружини и која, и онака атлетски настроениот Mini го носи на
ново динамичко ниво.
Schnitzer по желба може да го подобри и дишењето
на моторот преку нов спортски издув кој завршува со две хромирани цевки.
Визуелно тјунираниот Mini се
разликува со повпечатливи странични завеси, спојлери и две линии развлечени по
должина на хаубата кои го дополнуваат тркачкиот изглед.
Купувачите ќе можат да уживаат и при изборот на
леснометални бандажи и нов интериер кој игра голема улога во персонализацијата
на еден ваков Mini.
|