Најновата креација на германскиот тјунер AC
Schnitzer е автомобилот наречен ACS1 Cabrio, кој е направен врз основата на BMW Серија 1 Сabrio и нуди
многу повеќе карактер.
Модификациите што ги направиле инженерите и дизајнерите
во AC Schnitzer се однесуваат и на каросеријата и на кабината, но и на
моторот и подвозјето на автомобилот.
Моторот кој минатата седмица ја понесе наградата Мотор на
годината за 2008, 3.0 литарскиот бензиснки битурбо кој се вградува во моделот
135i по доработката во AC Schnitzer сега на задната оска испорачува
здрави 360 коњи, во споредба со сериските 306 коњски сили.
Но, модификации не се направени само кај бензинецот. Нови
коњи добива и 2.0 литарскиот турбо дизел кој работи во 120d. Тој сега
се перчи со импресивни 200 коњски сили.
За сите овие силни коњи да се држат зауздани и под
контрола кабриолетот од Серија 1 добива комплетно нова поддесива суспензија со
која автомобилот може да се подига или спушта во обид да се најде соодветен
сетап.
Карактерот е содржан во аеродинамичниот кит кој содржи
нов преден браник со интегриран спојлер и нов заден браник исто така со
интегриран спојлер и дифузор. Внатре пак прва во поглед паѓа новата рачка од
менувачот и посебните патосници, потоа педалите од лесен метал и на крај новото
тахо кое е изгравирано се до 320 km/h.
Со сите овие преработки Серија 1 кабрио
станува уште подобар BMW.
|