Тјунерите oд Novitec секогаш имаат да кажат нешто повеќе кога станува збор за доработка на
чистокрвните италијански болиди, сепак, нивните идеји одлично функционираат и
кај помалите перформансни играчки.
Фокусот на германскиот тјунер е ставен врз подобрување на
перформансите на моторот, возните карактеристики и секако визуелниот настап
пред појавување на GTA. Понудата се однесува на двата турбо дизели 1.3 и 1.6 и турбо безнинецот 1.4.
Секој којшто ќе посака инстант зголемување на моќноста се
обраќа до Novitec и за 5 минути со менување на управувачката единица ќе добие плус 31 КС кај
турбо бензинецот кој ќе се перчи со 186 КС.
Ова е доволно за Alfa
MiTo до 100 km/h да стигне за 7.4 секунди или околу 0.7 секунди побрзо отколку сериската
верзија. Истиот начин на подигнување на моќноста се користи икај турбо
дизелите.
На овој начин помалиот 1.3 литарец добива дополнителни 20
КС, а 1.6 литарецот 24 коњски сили. Плус се зголемува и вртежниот момент кај
сите мотори во просек за околу 50 Nm.
Кој сака понатаму да продолжи со тјунирање на својата Alfa MiTo може да одбере од новите покуси пружини и поддесиви амортизери, а за оние
што преферираат екстреми на располагање се и спортски пружини и амортизери кои
значително го доближуваат автомобилот до подлогата.
Новата суспензија не допринесува само за пониското лежење
на пат. Таа се грижи и за значително подобрите возни карактеристики,
управливоста, прецизното водење низ свијоци и стабилност на правец.
Како визуелно надополнување на крај доаѓа аеродинамичкиот
кит. Alfa MiTo
со страничните проширувања на спојлерот на предниот
браник личи како да доживеала фејслифт, а значително се нагласени и страничните
завеси кои го подобруваат струењето на воздухот околу страниците.
Од зади прво во око паѓа парот двојни издувни цевки
сместени во краевите на браникот и разделени со вкомпониран дифузор, додека на
кровот штрчи поголем спојлер кој го смирува задникот буткајќи го кон асфалтот при
повисоки брзини.
Четирите издувните цевки доаѓаат како украсна компонента
на спортскиот заден лонец кој не само што го подобрува одведувањето на
издувните гасови туки има улога на засилувач на звук зголемувајќи го рикот на
моторот при високи вртежи.
Novitec
ја поставува Alfa
MiTo на леснометални бандажи од 19 инчи од својата најдобра
програма кои пак се обуени со високоперформанси гуми на Pirelli, P Zero
Nero кои се грижат автомобилот да лепи за асфалт.
|