Италијанската тјунерска куќа TRC-Marangoni одлучи за
претстојното мотор шоу во Есен да ја модификува малечката бомба од Alfa правејќи
спортското срце од Милно да чука уште побрзо.
Дизајнерите и инженерите од Мarangoni нагласуваат
дека инсипрација за нивната најнова креaција бил уште еден жежок Италијанец, Ferrari
F430, но дефинитивно се свртеле малку и кон Lamborghini.
Како основа за преработка е земена верзијата на MiTo со 1.4
литарскиот турбо бензинец T-Jet кој сериски остварува 155 коњски сили. Но, ова било
премалку за инженерите во Мarangoni кои успеале да извлечат дополнителни 65 коњски сили.
Па така М430, како што во Мarangoni ја крстиле
тјунираната Alfa MiTo, остварува максимални 220 коњски сили кои се и повеќе од
доволно да го предизвикаат срцето на возачот, а и на патниците да зачука побрзо.
Зголемувањето на моќноста е постигнато со вградување на
нов турбо полнач, спортски филтер за воздух, комплетно сменет издув со зголемен
проток на издувни гасови кој назад завршува во два пара издувни цевки и
ремапирање на управувачката електроника.
М430 носи нови пружини и амортизери кои го доближуваат
уште пониско до подлогата и му овозможуваат подобро држење на пат.
Marangoni е експерт кога станува збор за високо перформансни гуми
од чива експертиза профитира и М430 кој носи сет од
кастомизирани црвено обоени гуми поставени на леснометални ковани бандажи со
пречник од 18 инчи.
Сличноста на М430 со F430 се гледа во
модификуваниот преден браник со отвори за довод воздух како кај тркачот на Ferrari и во
доработениот заден браник со интегриран дифузор направен од карбон-фибер. Стилот
на Lamborghini се препознава во вратите LSD.
Автомобилот е обоен во бела и црвена боја проткаена со
црни шари, внатрешноста не претрпела големи измени. Алуминиумски педали, нова
топка на рачката од менувачот, детали од карбон-фибер на арматурата, црвена
ткаенина на седиштата надополнета со задолжителното италијанско знаме... Највепчатлива
измена во кабината е црвено поставениот кров.
Понатаму фотографиите кажуваат се.
|