Станува збор за престижната американска тјунерска куќа RennTech која меѓу другото е специјализирана за доработка на
моделите на Mercedes, а за следново дело има
посебен повод.
ДизајнеритеодPlatuneDesign и инженерите од RennTech одлучиле да дадат свој допринос по повод прославата на
30 годишнината на класата G на
Mercedes со нешто невидено кое без
сомнение ќе привлекува погледи и ќе го свртува вниманието на јавноста кон
сопственикот.
Модификуваната G Класакоја сеуште се наоѓа во
фаза на концепт е создадена за да го шокира сетилото за вид на урбаните
мотористи. И настапува како некое од оние специјални возила на полицијата за
упад и борба во урбани средини.
Се чини дека кога ја цртеле оваа G
Класа дизајнерите пред себа ја имале сликата на првата
генерација на Hummer, H1. Која без оглед што
личеше на гротеска додека возеше по асфалтираните улици луѓето ја обожуваа.
Сличен ефект треба да оствaри и чудово од RennTech. Тоа
е тјунерска слагалица составена од остри рабови, проширувања, дополнувања, набабрувања,
големи тркала, хромирани детали...
Но! Секогаш постои ова но.Коцкестиот дизајн на G Класа кој трае веќе три децении и сеуште
плени, надополнет со исклучително широките гуми чии димензии сеуште не се
откриваат, екстремно проширените арки над тркалата, хромираните рамки на
предната маска и предните светла, набабрената хауба, хромираните кровни шини
кои продолжуваат преку рамката на предното стакло и завршуваат во трепкачи на
крилата, мускулестиот преден браник со два рога на средина, масивната заштита
на моторот, полните прагови и халогените светла поставени во надворешните
ретровизори предизвикува восхит и здогледан во ретровизор вели: „Бегај од мене”.
Оваа G Класа
на стеориди ќе ја задвижува големиот 4.0 литарски V8 турбо дизел кој работи во GL 420 CDI и таму остварува 306 КС при 3.600 врт/мин и вртежен
момент од камионски 700 Nm
при 2.200 врт/мин.
Се очекува инженерите дополнително да го доработат
моторот и од него да извлечат барем 400 коњски сили и вртежен момент од 1.000 Nm. Од RennTech сеуште не откриваат кога нивниот колос ќе им биде достапен на купувачите
ниту колку ќе чини.
Единствено што се знае е дека тјунерите секогаш работат напорно
и дека крајниот резултат наскоро ќе може да се види во живо. Не на цртеж.