Get Adobe Flash player
Arden го тјунира Range Rover
14.06.2007
rrardenПоследниот Range Rover Sport TDV8 модификуван од Arden Tuning исползе на улица, но сега задвижувана од фризирана верзија на моќниот турбодизел V8.

Со повеќе од 30 години искуство во рафинирање на автомобилите од островот вклучувајќи марки како Jaguar, најновата креација на потврдува дека токму Arden е местото каде што треба да се појде за индивидуализација на најдоброто од Land Rover.

Модификациите на моторот ги подобруваат перформансите додека во истовреме ја смалуваат потрошувачката. Моќноста е зголемена за 45 КС и сега оди до 315 коњи додека вртежниот момент се гордее со здрави 700 Nm. Тјунерите посветиле многу внимание за подобрување на карактеристиката на вртежниот момент посебно во среден вртежи.

Екстериерот опфаќа светла за возење дење кои се интегрирани во ново дизајнираниот преден спојлер. На располагање се и страничните скалила со интегрирано светло за осветлување при влегување и перформансниот издув со хромирани цевки назад интегрирани во задниот спојлер.

rrarden1rrarden3

 

 

 

Facebook