Get Adobe Flash player
Audi Q5 во кастомизирана верзија
20.05.2009
audi-q5-custom-concept-1.jpgНа тјунинг шоуто Worthersee Tour кое се одржува во Австрија на крајот од оваа работна седмица, Audi ќе претстави специјална верзија на својот SUV, Q5 која носи полно име Audi Q5 Custom Concept.

Не е првпат Audi да подготви специјална верзија на некој свој модел која подоцна се претставува на Worthersee Tour. Се сеќаваме на моделите како A3 TDI Clubsport и Audi TT Clubsport.

Од сериската верзија на Q5, коцептот се разликува по поагресивната каросерија со огромни отвори за воздух, нови прагови и испакнати арки над тркалата.

Насочувачот на воздух во предниот браник сега е објавена во црвена боја, која може да се забележи и на обрачот од леснометалните бандажи и на спојлерот на кровот од зади.

Агресивниот настап Q5 Custom Concept го добива и поради значитално проширената трага за 90 mm и кај предната и кај задната оска, а високиот SUV дополнително е спуштен за 60 mm.

Audi Q5 Custom Concept стои на огромни леснометални бандажи од 21 инчи кои дополнително ја истакнуваат ширината на автомобилот и е обоен во Дејтона Сива боја.

Под хаубата на кастомизираниот монструм работи познатиот 3.0 литарски V6 турбо бензинец TFSI кој сериски испорачува 333 КС, но за во Audi Q5 Custom Concept е модификуван и на сите четири тркала испраќа моќност од 408 КС и максимален вртежен момент од 500 Nm.

Подигнувањето на моќноста инженерите на Audi го постигнале со модификување на доводот за воздух и интеркулер кој е вграден во водено ладениот попречен стабилизатор монтиран меѓу предните тркала.

Снагата е доволна за вртоглаво забрзување до 100 km/h за 4,4 секунди и електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h.

 

 

 

 

Facebook