Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi RS6 Avant
08.09.2007
audi-rs6-1Audi конечно ги обелодени официјалните податоци за својот најмоќен автомобил RS6 задвижуван од би-турбо V10 со 580 КС и слободно може да биде прогласен за супер автомобил.

RS6 доаѓа и со аудиевиот перманентен погон на четири тркала, спортска суспензија надополнета со динамичка контрола кој му овозможува на автомобилот да биде удобен и покрај силниот тјунинг.

Десет цилиндарецот веќе е познат од моделите на Audi, S6 и S8 но и од малечкото на Lamborghini, лутиот Gallardo. Опремен е со сув картер за да може да го задржи нивото на испорачување на моќноста дури и при странично забрзување од 1,2 g.

Двата турбо полначи му помагаат на агрегатот да испорачува константен вртежен момент од мрсни 650 Nm во режимот на работа од 1.500 па се до 6.250 вртежи, додека максималната моќност има рамен врв од 6.250 до 6.700 вртежи.

И покрај стравотните перформанси големата тежина на автомобилот од 2.025 килограми ги задушува перформансите до одредена мерка. Сепак, тешко е да се жалите на еден караван кој ја удира стотката за само 4,6 секунди и достигнува двапати поголема брзина за 14,9 секунди.

Максималната брзина се разбира изнесува ограничени 250 km/h. Но, очигледно кај RS6 не е важно колку брзо возите туку колку брзо стигнувате до посакуваната брзина.

RS6 доаѓа опремен со 6 степен автоматски менувач Tiptronic и средишен диференцијал сместен одзади кој ја распределува моќноста во сооднос 40 проценти на предна оска, а останатите 60 проценти назад.

За својот RS6, Аudi сериски нуди карбон-керамички дискови и тркала од 19 инчи. Секако на располагање се и опциите. Доколку се одлучите за 20 инчни тркала тогаш добиватe и поголеми сопирачки. Предните мерат 420 mm во дијаметар, а задните се помали. Тука ќе мора да се задоволите со карбон-керамички дискови од само 365 милиметри.

Интериерот е преслечен во мешавина од карбон, кожа и задолжителната алкантара. И најважното од се. Со својот Avant ќе можете да превезувате исклучително габаритни предмети бидејќи багажникот има максимален волумен од комбиевски 1.660 литри.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook