Суперавтомобилот на Ford, GT кој
престана да се произведува сеуште им боде очи а тјунерите ширум светот кои
очигледно неможат да му одолеат на овој спортист со ретро стил.
Најновата преработка доаѓа од Велика Британија, поточно
од тјунерската куќа Avro Motor Cars која заедно со Roush
Technologies работеше на проектот Avro 720 Mirage кој ќе
биде произведен во лимитирана серија од 10 автомобили.
Измените во однос на серискиот модел опфаќаат дизајнерски
детали како нови налепници од страна, нови прагови и отсуство на заден браник
што е препознатлив стил на Avro.
Но, многу поважни за овој GT се
измените на моторот и механиката кои мо овозможуваат вон сериски перформанси. Поставен
е нов механички компресор од Whipple, комплетно сменета всисна гранка производ на Accufab, нови
издувни цевки со краеви преслечени со керамика исто така од Accufab.
Сето ова резултира со максимална снага од 720 коњски сили
при 6.950 вртежи и вртежен момент од 815 Nm при 4.800
вртежи кои го туркаат до максимална брзина од преку 350 km/h.
За да се зачува стабилноста и агилноста трагата непред и
назад е проширена за 5 милиметри, суспензијата е спуштена за 25 милиметри и на
сите четири тркала користи опружна нога или амортизер во пружина производ на KW, поточно
моделот Variant 3 кој е потполно поддесив, предните сопирачки имаат 6
клипни сопирачки клешти од AP Racing и вентилирачки и
бушени дискови од Stillen.
|