Предизвикувањето контроверзи преку своите креации не само
што е својствено за тјунерските куќи, туку тоа е императив. Сепак, Avus Рerformance
несакајќи разбуди расни препирки.
Имено престижната тјунерска куќа специјализирана за
доработка на моделите на Audi излезе на пазарот со доработен RS6 кој за
белјa заради погрешен первод од германски беше наречен White Power или Бела
Моќ.
Името веднаш предизвика контроверзи, а Avus
Performance побрзаа да се извинат и да објават објаснување за
настанатиот превид префрлајќи ја вината врз својата маркетинг агенција.
Тие веднаш се оградија од името. Доработениот автомобил
сега чека ново име, а дотогаш ќе биде само Avus Performance Audi
RS6 V10 Biturbo.
Без оглед на името белиот караван под хаубата пакува 700
КC и максимален вртежен момент од 798 Nm доволни за вртоглави
перформанси.
Фаќањето на темпо 100 трае само 3,9 секунди, додека до
200 km/h му требаат 12,1 секунди. Сето ова е постигнато се
ремапирање на управувачката електроника на моторот, вградување на нов издув од
не’рѓосувачки челик, тркачки катализатори.
Лутиот караван дополнително е доближен до подлогата, носи
леснометални ковани бандажи со пречник од 22 инчи и има преден спојлер и заден
дифузор изработени од карбон-фибер.
Вториот проект на Avus Performance е мат црн Audi
A5 кој едноставно е наречен A5 Coupe Matte Black.
Иако под хаубата на овој А5 се сокрива значително
доработен 3.0 V6 TDI целта на модификацијата пред се се возните
својства и невообичаениот изглед.
Моторот сега испорачува 275 КС и 600 Nm што е
далеку подобро од сериските 235 КС и 500 Nm вртежен
момент.
За обезбедување целсона контрола над автомобилот и
постигнување совршено лежење на пат се грижи сет од поцврсти пружини и
амротизери целосно поддесиви на компресија и поврат кои ги потпишува KW.
A5 Coupe Matte Black стои на
леснометални бандажи од 21 инчи исто така со мат црн финиш кои дополнително го
истакнуваат агресивниот лик на автомобилот кој наликува на невидлив авион
ловец.
Црнината единствено ја разбиваат биксенон предните светла
и светлечките диоди на светлата одзади кои светат со огнено црвена боја.
|