Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Aznom го преработаува Mini Clubman
14.05.2008
aznom-mini-clubman-s-1.jpgИталијанскиот производител на каросерии Aznom се појави со своја визија на тема Mini Clubman S која ја нарече Chateau или Замок и која е биде произведена во лимитирана серија.

Главни одлики на Chateau се деталите од дрво, кожениот ентериер и најважното портабл вински подрум кој е отпорен на удари и во кој собира шест шишиња со вино.

Најважното, ентериерот во Chateau е преслечен со остарена т.н. Гаучо кожа со детали од алкантара и дрво кое е искористено и за обложување на делови од каросеријата како што се надворешните ретровизори и капаците на задните светла.

За автомобилот да го добие посакуваниот патиниран финиш обоен е во преливна кафена боја и боја на темно злато. Надвoрешниот изглед го заокружуваат леснометaлните бандажи Pace од TSW со пречник од 18 инчи обуени во гуми Yokohama S-Drive со димензии 205/40.

Aznom планира производство на само 12 примероци од Chateau и секој од нив ќе го носи името на својот споственик испишано на нумерирана плочка.

Се чини дека Mini Clubman е еден од омилените автомобили на италијанските каросеристи кои очигледно уживаат во доработките.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook