Јапoнскиот тјунер Premier 4509 представи
специјален аеродинамичен кит наменет за Bentley
Continental GT кој ќе биде произведен во лимитирана серија од само 100
примероци.
Секој кит ќе има посебна нумерирана плочка со што се
зголемува автентичноста, а со тоа и вредноста на овие делови изработениво
комбинација на карбон-фибер и фиберглас со што е постигната ектремна цврстина и
издржливост.
Аеродинамичниот кит се состои од нов преден браник,
странични завеси, заден браник и напумпани странични крила и напред и назад кои
ја зголемуваат ширината на автомобилот за повеќе од 10 сантиметри.
Како дополнување се четирите парчиња метална мрежа со
која е прекриена предната маска и отворите во предниот браник, а одзади
дополната се состои од нови издувни цевки направени за совршено да прилегаат на
новиот заден браник.
Претседателот на Premier 4509, Хиронау
Јокомако го претстави овој специјален аеро-кит како
потреба да се стави акцент на агресивната природа на автомобилот, додека во
исто време е задржан неговиот рафиниран изглед кој доаѓа од неговиот оригинален
дизајн.
Premier 4509 планира следната година да ја зголеми
својата продукција со претставување на аеродинамични китови за моделите на Lamborghini,
Aston Martin и Maserati. Интересно Ferrari за сега не
се вклопува во нивната приказна. Можеби затоа што на автомобилите од Маранело
нема што да се модификува, но можеби по среди е нешто друго.
|