Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Bentley S3 од Bentley Boys
25.03.2008
bentley-boys-s3-1.jpgСтанува збор за дизајнерска студија креирана од инженерот Артуро Алонсо од американската каросериска работилница Bentley Boys врз основата на оригиналниот Bentley S3 од 1960.

Иако се работи за дизајнерска студија, изготвен е и соодветен план за производство, но само ако имаат доволен број на заинтересирани клиенти, барем така велат во Bentley Boys. Е сега доаѓа чудниот дел.

Без оглед на бројот на заинтересирани клиенти планот на Артуро Алонсо е да изработи само три вакви модели. За производство на секој модел посебно на Алонсо и на неговиот тим ќе им бидат потребни осум месеаци и секој со цена од по 150.000 долари. За сето ова да профункционира во планот стои анимирање на богати клиенти од Дубаи, Њујорк и Москва.

Што се однесува до самиот автомобил стилот на оригиналот е задржан во предните светла и правоаголната вертикална маска. Сличностите продолжуваат и под хаубата каде е сместен моќен V8. Но, тука не станува збор за оригиналниот мотор на Bentley туку за 4.4 литарецот на BMW кој своите 300 коњски сили ги испорачува на задната оска преку пет степен автоматски менувач дело на ZF.

Дизајнерите се надеваат дека ќе ја користат и оригиналната каросерија, која дополнително ќе се доработува, но и оригиналната шасија. Колку од овие желби на крај ќе бидат исполнети не се знае. Сепак автомобилот плени со својот лик и неможе да му се одолее.

Понатаму Bentley Boys S3 за подобри перформанси и помоќен звук нуди издув од не`рѓосувачќки челик, а комплетната слика ја надополнуваат леснометалните бандажи со пречник од 20 инчи обуени во гуми Continental Sport со ширина 275.

Внатре за удобен превоз на патниците ќе се грижат двата клима уреди, кожниот ентериер и рачно изработените седишта.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook