Германскиот тјунер Alpina во
Франкфурт ќе го открие својот најнов бисер, Alpina B6 S
Coupe и Cabrio. На прв поглед разликата во однос на сериските модели на BMW
е вентилирачката хауба од кaрбон.
Но, покрај хаубата разликата ја прават и препознатливите
леснометални бандажи на Alpina, предниот спојлер и интегрираниот дифузор одзади.
Во комбинација, новите делови на каросеријата овозможуваат
отпорот на воздух да се смали на ниски 0,32 Cd и покрај
гумите со ширина на валци.
Стандардниот 4.4 литарски V8 остварува
подобри перформанси благодарение на радијален компресор кој нуди комбинација од
турбо и механички компресор.
Сепак, не е се препуштено на компресорот. Сменет е профилот
на брегастите вратила со што се подобрува согорувањето и се снижува работната
температура на моторот.
Крајното достигнување се 530 коњски сили и вртежен момент
од 725 Nm.
Измените го опфатиле и менувачот. Инженерите на Alpina тесно
соработувале со експертите од ZF на ова поле. Резултатот е Alpina Sport
Swich-Tronic менувач.
Каде брзината на префрлање е смалена за 50 проценти во
споредба со стандардниот шест степен автоматик во мануелен модус на работа.
Префрлањето од степен во степен е тешко да се забележи. Времето на префрлање е
едвај 1/10 од секундата.
Сето ова условува автомобилот да забрзува како ракета.
Спринтот до 100 km/h трае 4,5 секунди – 4,8 кај кабриолетот – а максималната
брзина изнесува респективни 318 km/h.

|