|
31.05.2007 |
Врз основа на грациозниот кабриолет на BMW серија 3,
но со кралското педигре на шампионот меѓу тјунерите AC Schnitzer, овој ACS3
3.5i Convertible е подготвен за да стане легенда.
Основната верзија на кабриолетот од серија 3, германскиот
тјунер ја надградил со сериозен аеродинамички кит со преден спојлер
кој ја нагласува линијата на браникот.
Страничните завеси се загосени на назад и сугерираат
постојано движење, додека задната завеса има повеќе контури за да ги смести
четирите издувните цевки. Кои пак се стилизирани во форма на бројот 8.
Сребените бандажи од 20 инчи AC Schnitzer
Racing го комплетираат ликот, а како алтернатива се нудат и двобојни бандажи од
19 инчи.
Иако серискиот 335i Cabrio го
задвижува линискиот шестцилиндарец битурбо кој остварува 306 КС доволни за 5,8
секунди до темпо 100 и лимитирани 250 km/h, во AC Schnitzer
планираат наскоро да ги подигнат перформансите кои ќе ја фрлат опозицијата во
очај.
Попречната цевка од лесна легура прицврстена меѓу
предните тркала се грижи за рамномерно распоредување на асиметричните сили во
предниот дел.
Парарелно во развој е и сосема нова, тркачка
суспензија која на големо се тестира во зелениот пекол на Нирбургринг.
 

|