Германската тјунерска куќа Lumma Design го најавува
своето видување на тема BMW X6. Тјунираната X6 ќе биде
претставена на годинешното тјунинг шоу во Есен.
Lumma Design CLR X 650, како што
гласи полното име на доработениот SUV, на посетителите
во Есен ќе им прикаже дека серискиот BMW X6 може да добие беспрекорен
стил, подобра еродинамика, подбри возни својства и поголема моќност.
Највпечатливата измена на моќниот SUV е
аеродинамичкиот кит кој значително ја проширува каросеријата овозможувајќи му
на CLR X 650 далеку поагресивен настап од оној на серискиот модел.
Огромните отвори во новиот преден браник овозможуваат дополнително
хранење со свеж воздух на модификуваниот мотор и подобро ладење на сопирачките
и заедно со веѓите на предните светла дорпинесува за лутиот лик на CLR X
650.
Тука е и предната хаба со вдлабнат средишен дел обоен
црно кој отвора дупка и го одведува врелиот воздух овозможувајќи му на моторот
поинтензивно разладување.
Испакнатите арки над тркалата заедно со страничните
завеси, исто така со отвори за довод на ладен воздух до задните сопирачки, го
прават CLR X 650 значително поширок од X6. Но,
проширувањата не се само визуелен трик. Измените додаваат плус 50 mm на секоја
страна или вкупно 100 mm дополнителна ширина.
Аеродинамиката значително е подобрена со поставување на
дифузор интегриран во задниот спојлер на чиви краеви се појавуваат издувните
цевки посебно направени за овој модел.
Агресивниот визуелн настап е поткрепен со дополнителни
коњски сили извлечени од моќниот 4.4 литарски V8 на BMW. Измените
вклучуваат спортски филнтер за воздух, репрограмирање на ECU и нов
издув од не`рѓосувачки челик.
За жал во Lumma Design сеуште не ја
откриваат вистинската моќност која е добиена со направените модификации. Сепак,
познавачите уверуваат дека вредноста на коњските сили се сокрива во името.
Значи 4.4 литарецот во CLR X 650 би требало
да истискува околу 650 коњски сили.
За да може да се носи со силната коњица Lumma
во CLR X 650 вградува нови сопирачки кои доаѓаат од светот на
мотоспортот сокриени зад ковани леснометални бандажи со дијаметар од 23 инчи.
Комплетно е сменета и суспензијата која го доближува
големиот SUV дополнителни 35 mm до
подлогата и има можност за местење во зависност од приликите на возење: град,
автопат, тркачка патека.
Внатрешноста е преслечена со кожа во две бои и алкантара,
поставен е нов спортски волан и нов систем кој под една капа обединува информации, забава и
комуникација. Наслоните за глава во предните седишта дополнително носат LCD монитори
од 7,5 инчи.
|