Get Adobe Flash player
BMW Coupe со V10 од М5 во носот
20.08.2007
v10-coupe-1Продавачот на делови за BMW во Германија фирмата Bremgo што туку го заврши својот проект кој се состоеше од вградување на масивниот V10 од М5 под хаубата на купето 335i.

Bremgo не само што успешно го заврши својот проект, туку, сега на љубителите во баварската марка им нуди комплетен асортиман од делови што им се потребни доколку сакаат да ги почуствуваат роговите на биковски снажниот 5.0 литарски V10 со 507 КС во своето ново Coupe.

Покрај сместувањето на моторот во Bremgo размислувале и за вкомпонирање на менувачот од М5, SMG бидејќи вообичаениот шест степен мануелец не може да го издржи нападот од силните коњи на V10.

Комплетно е сменето и подвозјето во соработка со тјунерската куќа Hartge, а додаден е и нивниот волан преслечен со перфорирана кожа.

Купето носи петкраки леснометални бандажи од AC Schnitzer, плус аеродинамичен кит од новиот М3 Coupe, како и неговиот кров од карбон.

Ова не е прва радикална конверзија во режија на Bremgo. Претходната ваква преработка го опфати Е46 М3 со V10 од М5 набилдан на 543 коњски сили и се претпоставува дека истата спецификација набрзо ќе биде понудена и за новото купе.

 

 

 

 

Facebook