Купето на BMW кое почива на
основата на истоимениот родстер не излегува од фокус. Сепак, тоа не го спречи Schnitzer да развие
нов кит за тјунирање на спортистот од Баварија.
Именуван како Profile новиот кит доаѓа
со модификуваниот 3.2 литарски шестцилиндарец кој остварува 350 КС благодарение
на измените во всисниот тракт и измени во електрониката.
Модификуваниот однос на диференцијалот на задната оска од
3,91:1 и китот кој го скусува одот на рачката од менувачот обезбедуваат подобрено
забрзување, но сепак нема податоци за спринтот до 100 km/h.
Од надвор се направени бројни измени на каросеријата.
Сменети се предниот и задниот браник како и страничните завеси. Залепен на
задното стакло стои чудниот спојлер кој би требало да го притиска автомобилот
за подлогата при високи брзини.
Profile вози на спортска суспензија развиена од Schnitzer специјално
за овој модел, а за подобро чувство при управувањето и намалување на торзионото
увивање на долгата предница, меѓу предните носачи на амортизеи е наместена и
попречна цевка.
Новите бандажи со пречки во форма на V исто така
се посебно дизајнирани за Profile и мерат 20 инчи во пречник, а носат гуми со ширина од
295 милиметри.
Интериерот исто така е сменет во стил на Schnitzer, со панели
од карбон, алуминиумски педали и украси од четкан алуминиум.

|