Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Brabus Bullit Black Arrow
03.03.2008
brabus-black-arrow-1.jpgТјунерската куќа Barbus во Женева ја претстави својата последна креација на тема Bullit направен на база на Mercedes Класа C со моќниот V12 битурбо и ја нарече Black Arrow или црна стрела.

Автомобилот е обоен во црна мат боја претставувајќи еден вид стелт карактеристики кои всушност се сокриваат под ламарината и му ја даваат потребната моќ за извршување на тајни задачи.

Токму така Black Arrow на Вarbus оди во војна против асфалтот и има пристојни атрибути да го победи. Атрибутите ги овозможува 6.3 литарскиот V12 битурбо кој на задната поска испорачува 720 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.320 Nm, но е електронски ограничен на само 1.000 Nm за да се сочуваат гумите.

Развојот на новиот мотор беше вистински предизвик за инженерите кои вградија специјални клипови и клипни лостови, нови поголеми турбополначи со поефикасни интеркулери, метални катализатори и издув од не`рѓосувачки челик посебно дизајниран за да создава под притисок за побрзо одвлекување на издувните гасови.

Снагата се пренесува на задните тркала преку комплетно модификуван пет стапен автоматик и самоблокирачки диференцијал креација на Вrabus со степен на блокирање од 40 проценти.

Катапултирањето до 100 km/h трае 3,9 секунди, а 200 km/h се достигнуваат само по 10,49 секунди. Масивното забрзување продолжува и 300 km/h за фаќаат за 24,5 секунди пред да запре на максимални 360 km/h.

За сето ова да може да се држи под контрола направени се опсежни измени на суспензијата и сопирачките. Комплетно се сменети пружините амортизерите и стабилизаторите по што Black Arrow станува лесно управлив во редовен сообраќај подеднакво како и на патека.

Силата при сопирање профитира од вентилирани и жлебени дискови напред со дијаметар од 380 милиметри, а назад од 360 милиметри. Предните дискови ги зафаќаат 12 - дванаесет клипни сопирачки клешти од алуминиум и 6 - шест клипни клешти исто така од алуминиум предвидени за назад.

Сето ова гарантира дека Црната Стрела сопира подеднакво добро како што лета.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook