McLaren SLR е еден од ретките автомобили на кои
не им се потребни модификации, но овој факт не ги сопре инженерите од Вrabus да ги
подобрат перформансите до ниво над еден суперавтомобил.
За да се минимизира подигањето на предната оска при
забрзување, дизајнерите развиле преден спојлер кој се прикаќува на веќе
постоечкиот сериски браник. Спојлерот е направен од карбон-фибер, а неговата
форма е создадена во воздушен тунел.
Аналогно на предниот спојлер, соодветен дифузор одзади
кој создава ефект на вентуриева цевка и му овозможува на автомобилот да врши
дополнителен потисок врз подлогата може да се добие како опција.
Автомобилот е поставен на леснометалните бандажи Brabus
Monoblock VI со дијаметар од 20 инчи. Тркалата се обуени во гуми од Pirelli
или од Yokohama кои напред мерат 255 милиметри во ширина, а назад дури
305 милиметри.
Тјунингот на познатиот 5.5 литарски мотор со механички
компресор се состои од специјални брегасти вратила, систем за ладење на
горивото и издув со зголемен проток за повисоки перфроманси. Снагата на овој
компресорски V8 е зголемена за 24 КС кој сега остварува здрави 650 коњи
при 6.5оо вртежи во минута.
Barbus за својот SLR исто така нуди
специјален самоблокирачки диференцијал кој му помага да се катапултира за 3,6
секунди до 100 km/h и да достигне максимални 337 km/h.
Дизајнерите внатрешноста ја обложиле со кожа која може да
биде по избор на купувачот, волан со рамно дно и интегрирани копчиња за
менување на степените. Како дополна се нудат централна конзола, арматура и
облоги на вртите од карбон-фибер.
|