Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Brabus со своја визија за Mercedes GL
16.10.2007
brabus-gl-1Германскиот тјунер наскоро ќе ја претстави својата верзија на уште еден модел на Mercedes. Станува збор за мрсниот GL чија доработка не ги опфаќа само оптичките додатоци.

Дизјанерите на Brabus успешно ги интегрирале проширените крила и странични завеси во линијата на теренецот со што е зголемена ширината за 5 сантиметри.

Предниот дел носи типичен лик за еден Brabus, со големи отвори за ладење на моторот и на вентилирачките дискови, дополнително долго светло и светла за магла. Одзади е ставен спојлер на кровот и двоен издув.

Меѓутоа најважно за еден Barbus е она што се крие под ламарината. За познатите мотори на Mercedes кои се вградуваат во GL, Barbus подготвил дополнителни марифетлаци.

По преработка на моторот што оди во GL 320 CDI моќноста е зголемена за 30 коњски сили. Па така место сериските 242 КС сега овој мотор се гордее со 272 КС и максимален вртежен момент од 590 Nm што е за 90 Nm повеќе од сериските 510 Nm.

Од големиот V8 дизел кој се вградува во GL 420 CDI се извлечени дополнителни 44 коњски сили и сега тој остварува максимални 350 коњи со вртежен момент од 800 Nm, сериски 700 Nm.

Со олкава моќ GL 420 CDI забрзува до темпо 100 за 7,1 секунди и оди до максимални 240 km/h.

За верзиите GL 450 и GL 500, Brabus ќе го користи фамозниот 6,1 литарски агрегат со 462 коњски сили што е многу повеќе од сериските 340 КС односно 388 КС.

brabus-gl-2

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook