Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Cadillac CTS-V со 1.000 КС
28.07.2011

Престижната американска тјунерска куќа Hennessey Performance Engineering го најави својот следен проект кој е изграден на основата на купето на впечатливото купе на Cadillac, моделот CTS-V.

cadillac-cts-v-hennessey-1-2011-1

Станува збор за специјална серија која ќе биде произведена во екстремно лимитиран број од само 12 примероци кои како доказ за автентичност ќе носат изгравирана плочка во кабината.

Инженерите на Hennessey под хауба сапакувале моќен 7.0 литарец со осум цилиндри во V распоред кој со помош на два турбо полначи истискува максимални 1.000 КС при 6.400 врт/мин и камионски вртежен момент од 1.286 Nm при 4.000 врт/мин.

Моќноста се испраќа само кон задните тркала преку шест степен мануелен или автоматски менувач во зависност од афинитетите на возачот. И во двата случаи доработениот Cadillac CTS-V нуди страотни перформанси.

Забрзувањето од нула до 60 милји на час е 3,5 секунди, четвртина милја или 402 метри од место покрива за 10,9 секунди со излезна брзина од 219 km/h, а максималната брзина изнесува 370 km/h. Бројките се однесуваат на мануелениот менувач.

За сопирање се грижат карбон-керамички дискови со дијаметар од 384 mm и напред и назад. Предните ги зафаќаат сопирачки клешти со 8 клипови, а задните со 6 клипови. Комплетот го испорачува Brembo.

Hennessey испорачува и комплетно но аеродинамичен кит, потпирање кое се мести и го испорачува специјалистот Magnetic Ride Control и тркала од 20 инчи на кои се поставени гуми 275/30 напред и 345/30 одзади.

Колку чини ова задоволство од Hennessey не откриваат и наведуваат дека цената зависи и од желбите на клиентот. Но, затоа во цената е вклучен еднодневен курс каде клиентот учи како да владее со бесниот Cadillac CTS-V.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook