Германскиот тјунер Carlsson ја изложи
својата визија за купето CL на Mercedes на салонот во Франкфурт. Овој двобоен
примерок на сребрената ѕвезда е навистина нешто посебно.
Carlsson Aigner CK65 Eau Rouge е автомобил направен во
соработка помеѓу тјунерот и Етиен Ајгнер, чoвек кој ги снабдува производителите
со најфина кожа.
Како што можете да замислите интериерот па дури и
најмалото парче е прекриен со најфина кожа, алкантара и дрво и дише со луксуз.
Но, она што лежи под површината е многу попримамливо.
V12 турбо со интеркулер кој во соработка со ремапираната ECU
произведува 700 коњски сили и вртежен момент од 1.084 Nm е способен
да го лансира CL до стотка за 3,9 секунди.
Ултра лесните бандажи мерат 21х9 инчи напред и 21х10.5
инчи назад и се облечени во гуми Dunlop SP Sport Maxx ZR 265/30
напред и 295/35 назад. И заедно со тркалата ја редуцираат несуспензираната маса
на сите четири агли за 50 проценти во однос на серискиот модел.
Овој Carlsson e достапен во различни нијанси на две бои.
Но, изложениот модел во Франкфурт е дел од лимитирана серија која доаѓа целосно
опремена со Distronic систем кој го одржува растојанието од возилото пред вас,
систем за навигација, аудио систем, комплетен кожен интериер од Аigner, дводелни
бандажи од 21 инч, аеродинамички додатоци од карбон-фибер, суспензија C-Tronic која го
спушта автомобилот за 30 милиметри притоа задржувајќи ја удобноста, целосен
тјунинг на моторот и уште многу опции.
Цената на еден ваков примерок изнесува 365.000 евра во
Германија, а извозната цена е малку пониска.
Доколку сакате Carlsson Aigner CK65 Eau Rouge да го
донесете во Македонија ќе ве чини само 305.000 евра секако без давачки.
|