Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Castagna со дрвени Fiat 500 и Mini Clubman
30.11.1999
castagna-500-woody-1.jpgCastagna италијанскиот производител на каросерии претставува два автомобили чии каросериски делови се изработени од дрво, а се наменети за изложување на салонот во Женева.

Првиот автомобил е Mini Clubman, а вториот е растегнат Fiat 500 кого го нарекле woody wagon или дрвено комби. Овој модификуван 500 всушност е првата растегната верзија на малечкото на Fiat за која се претпоставува дека во 2010 ќе се појави на пазарот како ривал на Mini Clubman и ќе се нарекува Gardiniera.

За да се изведе операцијата платформата на 500 требача да претрпи неколку структурни измени кои на крајот го прават подеднакво цврст и безбеден како и оригиналот.

Задниот превис е продолжен за 60 милиметри, паралелно е поместен и С носачот и вградено е поголемо странично стакло. Од направените измени профитира багажниот простор. Поставени се и кровни носачи кои се свиваат на назад, одвоени задни светла и целосно нова задна врата.

Но, измените не се однесуваат само на каросеријата туку и под неа. 1.4 литарскиот бензинец со помош на механички компресор кој пумпа со притисокот 0,4 бари ја зголемува моќноста на моторот од сериските 100 КС на пристојни 155 коњи, а расне и вртежниот момент на 170 Nm и максималната брзина на 200 km/h.

За разлика од целосната трансформација на Fiat 500, Mini Clubman ја задржал основната форма. Можеби и затоа што кај него нема што да се манува. Едноставно дел металните панели и детали се заменети со дрвени, а пакетот е наречен Mini Woody Passion Kit.

castagna-clubman-woody-2.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook