Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Cayenne GTS Porsche Design Edition 3
26.03.2009
cayenne-gts-porsche-design-.jpgPorsche Cayenne GTS нуди повеќе ексклузивност и поголема спортска нота во однос на Cayenne S, но одговорните во Porsche сакаа на клиентите да им понудат нешто уште подобро.

Подоброто доаѓа во облик на Cayenne GTS Porsche Design Edition 3. Секако кога се ангажира одделот Porsche Design на производителот oд Цуфенхаузен секогаш треба да се очекува ексклузива во дизајнот, но без измени во механиката.

Значи во GTS сеуште работи со подобрениот 4.8 литарски V8 со директно вбризгување кој истискува 405 КС што е за 20 КС повеќе во однoс на Cayenne S и вртежен момент од мрсни 500 Nm.

Плус GTS лежи за 24 mm поблиску до подлогата и го нуди системот PASM Porsche Active Suspension Management како стандардна опрема. Сето ова е доволно за постигнување на одлични возни карактеристики и перформанси.

Cayenne GTS до 100 km/h спринтува за респектибилни 6,5 секунди и достигнува максимална брзина од 251 km/h.

Но, перформансите не се предмет на интерес на дизајнерите од студиото на Porsche Design. Тие своите идеи ги усмеруваат кон подобар визуелен настап и поголемо уживање за сопственикот при користење на возилото. Да видиме како го постигнуваат ова.

Специјалната едиција Cayenne GTS Porsche Design Edition 3 се разликува по новата боја наречена Лава Сива, поголемиот спојлер на кровот, тркачките линии по должина на возилото во мат црна боја, предните светла со црна основа и леснометалните бандажи со пречник од 21 инчи обоени во црна антрацит боја.

Ентериерот е целосно обложен со црна рачно шиена кожа која на арматурата и воланот е прошиена со шевови со црвен конец заради постигнување на контраст.

Седечката површина на седиштата и предниот потпирач за раце делумно се обложени со алкантара. Покрај деталите од полиран алуминиум низ кабината кај арматурата се користени и украсни ленти од карбон-фибер.

На вратата од касетата пред совозачот е поставена плочка во која е изгравиран редниот број на возилото од сепцијалната едиција која ќе биде произведена во ограничен број од само 1.000 примероци.

Во кабината кај Cayenne GTS Porsche Design Edition 3 возачот ќе најде копче преку кое се регулира еден посебен вентил во издувот и кој му овозможува да ја намести според соствените желби јачината на звукот што излегува од четирите издувни цевки на спортскиот SUV.

Секако доколку повеќе ја милува музиката од аудио системот тогаш ќе може да ужива во ефектот на 5.1 сараунд ситемот кого го потпишува Bose и вклучува 14 звучници распоредни во кабината.

Секој примерок од лимитираната серија од 1.000 возила се испорачува со сет на додатоци на Porsche Design кој вклучува четири ексклузивни патни торби и уште поексклузивен рачен часовник Porsche Chronograph.

Од Цуфенхаузен најавуваат дека нарачките за Cayenne GTS Porsche Design Edition 3 ќе почнат да се примаат кон крајот на месец мај.

Цената е одредена и секој примерок ќе го чини гордиот сопственик 79.100 европски банкноти. За сега нема најава дали Cayenne GTS Porsche Design Edition 3 ќе се нуди на пазарите надвор од Европа.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook