Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Cayenne и 911 - две во едно од RUF
12.03.2009
ruf-dakara-1.jpgПоследното дело на тјунерите од престижната куќа RUF го обединува дизајнот на теренецот на Porsche, Cayenne и нa легендарниот спортист 911 во едно пакување.

Модификуваниот автомобил го носи името Dakara и е поставен на основата на последната генерација на Porsche Cayenne. Dakara нуди висок луксуз за среќниците со екстремно голема платежна моќ кои сега ќе се возат во Cayenne со предни светла на 911.

Луксузниот SUV по доработката од RUF се претвора во спортски автомобил благодарение на пуштеното подвозје, вградените аеродинамички додатоци кои се состојат од нов преден и заден браник, проширени прагови, нов заден спојлер на кровот и дифузор во задниот браник во кој се вкомпонирани и двата пара издувни цевки.

RUF Dakara стои на леснометални ковани бандажи со пречник од 22 инчи зад кои се сокриваат карбон-керамички дискови кои ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти.

Потребни за да се издржи притисокот од 600 КС и вртежниот момент од 809 Nm кои ги испорачува турбо бензинецот V8 доволни за спринт до 100 km/h за 4,8 секунди и максимална брзина од преку 300 km/h.

За комфорот на патниците се грижи наново дотераната кабина со нови седишта обложени со високо квалитетна кожа, мултимедијален систем со пристап на интернет и панорамски поглед на околината благодарение на вградените камери кои пратат се што се случува зад, но и пред возилото.

RUF ја претстави Dаkara на салонот во Женева и одговорните веднаш се пофалија дека веќе успеале да добијат неколку нарачки. Цената секако не се објавува и зависи од желбите на клиентот.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook