Доаѓа во форма на SL65 AMG, но ја носи наставката во името Black Series која укажува на фактот дека ова
супер купе на нишан држи величини како што се Ferrari и Lamborghini.
Овој лут автомобил е најмоќниот Mercedes на сите времиња. Доказ за ова
тврдење се 670 коњски сили кои се постигнуваат при 5.400 врт/мин што е за 30
коњски сили повеќе од специјалната едиција на SLR McLaren 722, а за обичниот SLR воопшто не треба ни да
стане збор.
Ова е доволно за да се загрозат еден Ferrari 599 GTB и Lamborghini Murcielago. Моќната коњица ја
испорачува 6.0 литарскиот V12 битурбо кој е рачно изработен, а за дополнителни коњски
сили во однос на обичниот SL65 AMG се грижат двата нови турбо полначи и поголемиот
интеркулер.
Моторот остварува и фасцинантен вртежен момент од мрсни 1.000 Nm. Она што фасцинира уште
повеќе е што инженерите во AMG биле приморани да го ограничат реалниот вртежен момент за
да го направат црниот монструм погоден за возење на улица.
Без ограничување вртежниот момент на SL65 AMG Black Series изнесува камионски 1.200 Nm.
Сета снага се испорачува до задните тркала преку пет степен автоматски
менувач кој е опремен со новиот програм на AMG наречен Speedshift. Со помош на програмот
за брзо менување менувачот е способен да префрли од степен во степен за 250
милисекунди. Вредност за почит.
Комбинацијата на моѓжќен мотор и брз менувач му овозможува на SL65 AMG Black Series да ги катапултира
возачот и совозачот до 100 km/h за 3,9 секунди и да достигне максимална брзина од 320 km/h. Ова не е максималното
достигнување на автомобилот.
Имено максималната брзина е ограничена поради крајниот преносен однос во менувачот.
Што значи дека со подолг преносен однос максималната брзина би отишла подалеку.
Покрај билдањето на снагата SL65 AMG Black Series бил и на тренинг за слабеење со што
симнал 250 kg
во однос на серискиот SL65 AMG и сега тежи 1.870 kg. Килограмите се изгубени со
обилно користење на карбон-фибер, но и на алуминиум на местата каде во серија
се користи челик.
Хаубата, предниот браник, страничните завеси и капакот од багажникот со
вградениот спојлер кој се издига на брзина поголема од 120 km/h.
Металниот склоплив кров кај серискиот модел е заменет со цврст кров од
алуминиум со интегриран заштитен кафез кој треба да ги заштити возачот и совозачот
во случај на превртување.
За да ги оправда своите спортски аспирации SL65 AMG Black Series му овозможува на сопственикот да
го прилагоди сетапот според своите возачки способности и според условите на
патот, но и според тоа каде вози на пат или на патека.
Така пет степениот автоматски менувач има четири модуси на работа, а
системот за контрола на тракција три. Понатаму и кај суспензијата се дозволени
експерименти. Може да се поддесува висината, тврдината на амортизерите и
затурот на тркалата, трагата е поширока, а нови се и сопирачките со поголеми
дискови и сопирачки клешти.
Внатре за обложување на кабината и на седиштата се користени Nappa кожа и алкантара, а
седиштата всушност се тркачки кади изработени од карбон-фибер.
SL65
AMG Black Series во должина мери 4.589 mm, широк е 1.960 mm и висок е 1.286 mm. Меѓусокиното
растојание изнесува 2.560 mm, а автомобилот лежи на ковани леснометални бандажи со
пречник од 19 инчи напред обуени во гуми со ширина 265 mm и назад со пречник од 20 инчи обуени
во гуми со ширина 325 mm.
Светската премиера SL65 AMG Black Series ќе ја доживее на салонот во Париз, но доколку некој има
желба и сака да го нарача на невидено може да го стори тоа веднаш. Испораката
нормално ќе стартува по дебито во Париз.
За на крај е резервирана цената. SL65 AMG Black Series - го има и на видео - ќе стартува со цена од 309.000 европски банкноти. И се
разбира за тој има поголем буџет и што сака повеќе желбите се неограничени.
|