Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Црниот Принц од Brabus
29.09.2009
brabus-e-v12-one-of-one-1.jpgПрестижната германска тјунерска куќа Brabus во Франкфурт го претстави „Црниот Принц, најмоќниот седан на светот поставен на основата на Е Класа способен да фати темпо 200 за 9,9 секунди.

Новиот подвиг на Brabus го носи името Е V12 “one of ten”, ќе биде произведен во екстремно лимитирана серија и на патниците ќе им понуди супер брз транспорт со максимална брзина од преку 370 km/h.

Зад импресивните перформанси на Е V12 “one of ten” се сокрива ново развиениот мотор Brabus SV12 R Biturbo специјално создаден за овој модел.

Моторот од зафатнина од 6.3 литри и со помош на два турбо полначи успева да ослободи моќни 800 КС при 5.500 врт/мин и камионски вртежен момент од мрсни 1.420 Nm расположиви од ниски 2.100 врт/мин.

Податоците се мерени во лабораторија, додека за вградување во автомобилот инженерите морале да ја смалат испораката на вртежниот момент на 1.100 Nm, а снагата од 800 КС останува иста.

Бесниот седан од Brabus кој тежи безмалку два тони или 1.980 kg е способен да ги катапултира патниците до 100 km/h за 3,7 секунди. Како што наведовме после 9,9 секунди фаќа 200 km/h, a по 23,9 веќе се патува со 300 km/h.

Максималната брзина која гарантира преку 370 km/h електронски е лимитирана на „само 350 km/h заради безбедноста на гумите. Поставени на леснометални бандажи моноблок со димензии 19х9,5 инчи се гуми со димензии 255/35 напред и 285/30 и индекс за брзина Z.

Гумите се дело на инженерите на Pirelli и на Yokohama кои соработуваат на технолошки план при изработка на гуми за специјални намени како во случајот на Brabus Е V12 “one of ten”.

За да се носи со вртоглавите перформанси на автомобилот и снагата на моторот Brabus комплетно ја сменил суспензијата на Е Класа која е специјално развиена токму за Е V12 “one of ten”.

Суспензијата дозволува менување на висината на автомобилот во зависност од желбите на сопственикот, но и од условите на возење. Но, тоа не е се.

Покрај висината на располагање се и местењето на компресијата и на повратот на предните и задните амортизери кои можат да понудат многу комфорно патување, но и екстремна тврдина за користење на тркачка патека.

Навалувањето на каросеријата во свијоци е значително редуцирано благодарение на користењето на спортски стабилизатори.  

Наведените брзини бараат соодветна сопирачка опрема. Напред се поставени самовентилирачки дискови со димензии 380х37 mm кои ги зафаќаат 12 клипни сопирачки клешти, а назад исти такви дискови со димензии 360х28 mm кои ги зафаќаат 6 клипни сопирачки клешти.

Високите перформанси се во директна врска со аеродинамиката на возилото па затоа дизајнерите во Вrabus работеле напорно во воздушен тунел при создавањето на аеродинмичниот кит изработен од карбон-фибер.

Заради додатоците каросеријата на Е Класа е проширена за 36 mm, а проширувањата му даваат и доза на агресивност на лутиот автомобил.

Измените се однесуваат и на новиот преден браник кој обезбедува доволен проток на воздух за ладење на сите системи на Е V12 “one of ten” вклучувајќи ги и сопирачките, а специфичниот облик го редуцира узгонот на предната оска.

Отворите на крилата сместени зад предните тркала се важен дел во одведувањето на врелиот воздух од под хаубата и сопирачките и допринесуваат за одржување на механиката во здрава кондиција.

Проширувањата на праговите го насочуваат воздухот кон задните тркала кои пак имаат капаци наречени Speed Spads преку кои воздухот непречено ја напушта каросеријата од страна намалувајќи ги вртлозите кои се создаваат зад автомобилот.

Задникот на Е V12 “one of ten” влева страхопочит кога ќе се здогледаат четирите издувни цевки кои излегуваат од дифузорот интегриран во задниот браник и крилото поставено на капакот на багажникот.

И додека однандвор агресивниот дизајн јасно говори за способностите на Е V12 “one of ten” дури и кога автомобилот стои внатре владее атмосфера на спортски луксуз.

Возачкото спортско седиште се крои според индивидуалните димензии на возачот, додека за совозачот следува исто такво спортско седиште, но со стандардни димензии.

Brabus Е V12 “one of ten” обезбедува одвоени спортски седишта и за патниците одзади. Седиштата се поставени со комбинација од алкантара и црна кожа која како перфорирана се користи и за воланот, за панелите на вратите, раматурата и таванот. Дури и подот на автомобилот е обложен со кожа прошиена во квадрати.

Како што наговестува името ќе бидат произведени само десет премиероци од Е V12 “one of ten”. Изработката ќе биде рачна, а како алтернатива во поголема серија се нуди верзија на Е V12 со 750 КС која ќе има посуптилни измени на каросеријата без нагласената аеродинамика.

Brabus наведува ценовен старт од 498.000 европкси банкноти. Понатаму се зависи од желбите на клиентот. Наведената цена е без давачки.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook