Get Adobe Flash player
Edo Competition Murcielago LP 640 Nardo
01.12.2007
lambo-lp-640-nardo-1.jpgСекоја година најдобрите тјунери на планетата се собираат на тест патеката во италијанското градче Нардо за да си ги одмерат силите и да видат чив автомобил е најбрз.

Годинава на собирот може да се видат разни егзотики како и неколку чудни тркачи како што на пример е лимузината Maybach и најбрзиот автомобил Audi TT Bimoto.

Сепак, од целата глутница еден автомобил се издвојуваше како најубав и најексклузивен. Станува збор за Lamborghini Murcielago LP 640 Versione Nardo на тјунерот Edo Competition.

Според правилата секој од натпреварувачите има три круга на располагање. Еден за загревање, вториот за постигнување на најголемата брзина и третиот за ладење. 663 коњски сили моќниот LP 640 на Edo кои доаѓаат од големиот V12 успеаја да стигнат до максималните 345,7 km/h во вториот круг во шестиот степен на пренос и ја остварија најголемата максимална брзина што еден Lamborghini ja забележал до ден денешен.

За да го достигне овој рекорд за Lamborghini во Edo направиле само мали модификации како ремапирање на ECU, нови филтери за воздух со голем проток и високоперформансни катализатори конструирани специјално за LP 640.

Инженерите сега работат на следната развојна фаза. Станува збор за извлекување на 700 коњски сили и достигнување на максимлани 360 km/h.

 

 

 

 

Facebook