Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фабрички тјунинг за Chevrolet Aveo
09.12.2008
gm-tuning-aveo-1.jpgChevorlet посебно за пазарите на Блискиот Исток подготви фабрички тјунирана верзија на Aveo со пет врати која со својот лик е далеку од сериските верзии на кои сме навикнале.

Првиот впечаток е дека автомобилот личи како да е премногу накитен, посебно внатре, некому ќе му се допадне, некому не, но тоа е работа на вкусови.

За поздравување е што во General Motors одлучиле да вложат дополнително во еден од своите најевтини модели и веруваме дека посебно младите секако на Блискиот Исток ќе лудуваат по него.

Фабричкиот тјунинг опфатил комплетно рестилизирање на ентериерот од црвената кожа на седиштата и облогите на вратите до лакираните детали во црвена боја на арматурата, воланот, рачката од менувачот и рачките на вратите.

Плус тука е и новата облога на кровот и столбовите исто така во црвена боја.

Од надвор може да се забележи новиот преден браник со интегриран спојлер и хауба со отвори за одвод на топол воздух. Се забележува и големото крило поставено на кровот и леснометалните бандажи обоени црно.

Во црна боја е лакирана и хаубата и централниот дел од предниот браник. Хромираните рамки со кои е обрабена маската дополнителни го нагласуваат агресивниот лик на Aveo. Додека од страна се појавуваат пламени јазици во црвена боја.

Накитениот Aveo нема да се појави на европскиот пазар. Во General Motors веруваат дека еден вака оличен автомобил нема да им се допадне на купувачите од Европа.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook