Инженерите од германската тјунерска куќа Edo
Competition се едни од ретките на светот кои успеваат од моторите на
Ferrari да извлечат снага поглема од онаа во сериските модели.
Секако да се модификува високо технолошки мотор кој лесно
се врти до 8.000 вртежи каков што е оној на 599 GTB не е
едноставна задача, сепак, во Edo Competition тоа им успева и тие од моќниот V12 вадат дури
630 коњски сили и максимален вртежен момент од 608 Nm.
Перформансите на моторот се доволни преработениот 599 GTB да го
катапултира својот екипаж за 3,7 секунди до 100 km/h и да го
испрати до максимални 330 km/h.
Можеби некому ова и не му е доволно. Но, тоа не значи
дека пребирливцот треба да замине во друга тјунерска куќа бидејќи во Edo
Competiton имаат решение и за оваа сорта на луѓе.
Станува збор за втор кит или втор степен на доработка за
кој треба да се издвојат многу повеќе средства, но тогаш и зaдовослството е
поголемо. Причина за ова е замената на моторот.
Бидејќи не сакаат премногу да го оптовaруваат V12 од 599 GTB заради
зачувување на трајноста, германските инженери го тргаат настрана и под хаубата
го поставуваат моќниот 6.3 литарски V12 од
експерименталниот модел на Ferrari, FXX.
Па така со вториот степен на доработка 630 Scuderia добива
моќност од 750 коњски сили и максимален вртежен момент од 720 Nm. Податоци
за забрзувањето и максималната брзина за оваа верзија сеуште нема, но очекувано
е перформансите да бидат драстично подобри со оглед на разликата од 120 коњски
сили и 112 Nm вртежен момент.
Останатите модификации по кои 630 Scuderia се
разликува од 599 GTB се новиот преден браник, изменетиот заден браник со интегриран
дифузор, леснометалните бандажи од 20 инчи обуени во гуми Dunlop
Sport Maxx GT со ширина 355 и спортската суспензија од KW која го
приближува автомобилот до подлогата за 40 милиметри.
|