Get Adobe Flash player

Ferrari California со 500 КС
23.06.2009
edo-competition-california-1.jpgПрестижната германска тјунерска куќа Edo Competition повторно се надминува себе си кога е во прашање модификувањето на еден Ferrari. Најново до нивната работилница е доработената Ferrari California.

Иако се смета како влезница во светот на Ferrari, California по претрпената преработка од инженерите на Edo Competition e полнокрвен спортист со кого треба да се внимава и кон кого треба да се однесува со должен респект.

Модификуваниот V8 сега истискува 500 КС при 5.200 врт/мин и има максимален вртежен момент од 500 Nm. Растот на снагата е постигнат со рекалибрирање на управувачката електроника на моторот ECU, но и со вградување на нов издувен систем со зголем проток на гасови контролирани од поддесиви „лептир вентили и нови спортски катализатори со метално јадро со 200 ќелии на квадратен инч.

Значителното зголемување на моќта е едниот аспект на модификациите. Другиот е брзиот одзив на педалот за гас и секако прекрасниот звук кој излегува од четирите издувни топа.

Благодарение на измените на моторот Ferrari California е способна да ги катапултира возачот и совозачот до 100 km/h за 3,9 секунди и да фати максимална брзина од 315 km/h       .

Стабилноста е подобрена благодарение на сетот од спортски пружини и амортизери кои се поддесуваат во зависност од условите на возење. Па така сопственикот може да избере мек сетап за секојдневно крстосување и два типа натврд сетап за брзо возење на автопат и за натпреварување на патека.

Со новите пружини и амортизери Ferrari California стои 35 mm поблизу до асфалтот. А го сопираат карбон-керамички дискови со шест клипни сопирачки клешти напред и четири клипни сопирачки клешти назад.

Edo Competition ја поставува Ferrari California на ново развиени леснометални бандажи со пречник од 20 или 21 инчи. Помалите обуени во гуми 245/35 напред и 285/35 назад, а поголемите обуени во гуми 255/30 напред и 285/30 или 295/25 назад.

Што се однесува до визуелниот настап Edo Competition ги остава вратите ширум отворени предочувајќи дека сите желби на клиентите се исполнуваат. Прикажаното на фотографиите е само пример за начинот на кој може да се кастомизира Ferrari California.

Toa значи користење на уникатни, високо квалитени материјали и дизајнерски детали достапни во зависност од вкусот на клиентот.

Комплетната програма за модификација на California е подготвена. Се што треба да направите е да свртите телефонски број закажете состанок и да ja однесетe соственaта Ferrari California заедно со адекватна сума на пари.

 

 
Get Adobe Flash player