|
17.04.2007 |
Незадоволен од претходниот F430 со два
механички компресори и 636 коњски сили, специјалистот за Ferrari,
Novitec го надгради автомобилот до спецификација „Evoluzione”.
Моќноста е зголемена за дополнителни 20 коњски сили. Сега
брои големи 656 коњи кои го поставуваат рамо до рамо со фамозниот Enzo
и го фрлаат во очај серискиот F430 кој мора да се помири со само 490 КС.
За зголемување на моќта инженерите ставија поголеми
компресори од Rotax, кои го зголемуваат притисокот на воздухот со кој се храни моторот. Заменета е и електрониката што управува со моторот со нова од Motornics и на крај е
претставен комплетен аеродинамичен пакет, тестиран во
воздушен тунел, со ново задно крило што му дава нов но препознатлив лик на F430.
Други карактеристики на пакетот што го нуди Novitec за F430 се
топлински изолирани всисници, водено ладени „интеркулери” со посебни пумпи за
вода и дополнителни ладилници, попрецизни вбризгувачки за бензин и зајакнати
погонски ремени со динамичко затегнување.
Направените измени и подобрувања се доволни за да го
забрзаат „Evoluzione” до 100 km/h за 3,7
секунди и го туркаат до максимални 348 km/h. Симпатично
зарем нé.
 

|