Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ferrari F430 Race од Novitec Rosso
07.03.2008
novitec-f430-race-1.jpgПрограмата Rosso на германскиот тјунер Novitec, наменета само за Ferrari F430 ни носи апсолутни новини за 2008. Станува збор за нова доработка на F430 Berlina Bi-Compressor.

Секако дека новиот модел нема никаква врска со претходникот, чии мотор остваруваше скромни 656 коњски сили, освен двата механички компресори на Rotrex. Сега инженерите во Novitec со доработките го доведоа F430 до тркачка спецификација и избраа едноставно име Race.

Името го оправдуваат плус 51 коњски сили во однос на претходникот. Значи станува збор за неверојатни 707 КС доволни да се победи Enzo, а серискиот F430 и неговите 490 коњси да се фрлат во очај.

За да се обезбеди олкава снага од 4.3 литарскиот V8 притисокот во двата компресори е подигнат на 0,48 бари и поставени се поефикасни и поголеми интеркулери со водено ладење. Понатаму всисниот тракт е целосно изолиран со топлотна изолација, поставени всисни канали со поголем пречник и тркачки филтри за воздух со голем проток. Воедно поставени се нови инјектори со поголеми млазници, а направен е и дополнителен отвор во подот на автомобилот кој го насочува ладниот воздух кон моторот.

Обемни измени се направени и кај издувот за да обезбедат слободно истекување на врелите издувни гасови. Вградени се нови спортски катализатори кои создаваат подпритисок кој буквално ги влече врелите гасови надвор од моторот. Издувните цевки се од не`рѓосувачки челик и во нив се вградени електронски контролирани клапни кои со својата соодветна положба обезбедуваат оптимален проток на издувните гасови во зависност од брзината на вртење на моторот.

Иако инженерите во Novitec сега не дирале во останатите компоненти на моторот како управување со вентилите, нови брегасти вратила, ECU и слично, сепак, резултатите се импресивни.

Како што споменавме моторот остварува 707 коњски сили при 8.350 вртежи и максимален вртежен момент од 712 Nm при 6.300 вртежи. Катапултирањето од 0 до 100 km/h трае едвај 3,5 секунди, половина секунда помалку отколку кај претходникот. Овој F430 следните 100 km/h, односно вкупно 200 km/h ги фаќа за 10,5 секунди, а за следната стотка му се потребни 29,9 секунди од место. Стрелката од брзиномерот се закопува на максимални 315 km/h, но само со стандардниот пренос.

За оние што сакаат повеќе брзина Novitec нуди нова менувачка кутија со малку продолжени преносни односи кои му овозможуваат на F430 максимални 348 km/h.

Сета оваа снага и брзина бара измени на аеродинамиката, суспензијата, сопирачките, гумите, а сето тоа чини. Во Novitec основниот кит за надградба на серискиот F430 и претворање во F430 Race ќе го чини гордиот сопственик 51.620 евра. Секако ова е основата, за останатите желби и доработки ќе мора подлабоко да се пикне раката во џебот.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook