Германскиот тјунер нуди нешто ново и моќно за
сопствениците идни и сегашни на F430 Spider. Станува збор за
пакетот Evoluzione кој до сега беше достапен само за F430 берлина.
Сега сопственикот на F430 Spider ќе може да
ужива во пиштењето на двата компресори на Rotrex како и кај
неговиот покриен брат. Со нивна помош моторот на Spider пумпа 656
здрави коњи и го остава својот сериски побратим со неговите 490 коњчиња далеку
зад себе.
Тука е јасно дека моќноста е на ниво на еден Enzo,
а не на F430.
Покрај двата компресори кои впумпуваат дополнително
количество воздух во моторот инженерите во Novitec ја
ремапирале и ECU со што му овозможиле на Spider да ги
катапултира патниците на старт и да достигне темпо 100 за 3,7 секунди.
Забрзувањето трае се додека стрелката на брзиномерот не покаже максимални 348 km/h.
Секако за постигнување на олкава брзина потребен е и
соодветен аеродинамичен пакет, овој на Novitec е тестиран
во воздушен тунел и спесијално е развиен за Spider.
Дополнително вградено е одделна инсталација со масло за
ладење, всисниот тракт е дополнително изолиран, поставени се два и интеркулери
секој со своја пумпа за вода, има нови инјкетори за вбризгување на гориво и
зајакнати ремени и затегнувачи.
Се заљубивте во Spider? Одлично. Сега
следи разочарување. За цена мора да се обратите директно во Novitec, бидејќи
варира во зависност од вашите желби. Но, тоа и не е толку страшно бидејќи вие
сте среќен човек чим можете да си го дозволите.
|