Get Adobe Flash player
Fiat Grande Punto Abarth SS Concept
05.09.2007
grande-punto-abarth-ss-1Fiat првпат ја претстави воскреснатата марка Abarth на салонот во Женева во март со откривање на Grande Punto Abarth S2000. Но, тоа е само еден тркачки автомобил. Ова е нешто поинакво.

Сега беџот на шкорпионот се наоѓа на маската на новиот концепт кој следната седмица на салонот во Франкфурт ќе биде претставен под името Grande Punto Abarth SS.

Стандардниот Grande Punto Abarth стартуваше со продажба минатиот месец со 1.4 литарскиот четирицилиндричен турбо-бензинец со 155 коњски сили.

Новиот SS или Super Sport нуди кит кој му дозволува на моторот да дише полесно ослободувајќи при тоа импресивни 180 коњски сили.

Концептот воедно носи сијасет специфични елементи кои го акцентираат и стилот и динамиката. Ова меѓу другото вклучува пониска суспензија и помоќни сопирачки. Каросеријата во меѓувреме добива налепница со чекирано знаме кое асоцира на трка и уникатни леснометални бандажи.

Крај него во Франкфурт ќе се перчи и веќе познатиот тркач S2000 кој во 2008 ќе се натпреварува во италијанскиот рели шампионат со Џијандоменико Басо зад воланот и неговиот совозач Митија Дота.

Овој конкретен модел наменет за рели остварува 270 коњски сили од 2.0 литарски атмосферски мотор кој ги задвижува само предните тркала и е еден од 25. автомобили произведени за да се задоволат барањата на тимовите во шампионатот.

grande-punto-abarth-ss-2

 

 

 

Facebook