Концептот на Fiat крстен по
сончевото италијанско приморско градче Портофино создаден е за да ги оживее
автомобилите за на плажа од шеесетите години на минатиот век.
Направен со модифукивање на Fiorino, Portofino е класичен
пример за успешен брак меѓу формата и функцијата. Покрај чудниот, но допадлив
изглед, Portofino нуди место за превоз на пет патници и многу место за
багаж, поточно за реквизитите за на плажа.
Стилот зрачи од секоја пора на Portofino. Отворениот
кров и допадливата конфигурација без врати се направени со цел максимално
изложување на ветар и сонце и талкање по плажите.
Водоотпорните преслеки на седиштата уверуваат дека ниту
мокрите купаќи или евентуалниот летен дожд неможат да и наштетат на
внатрешноста.
Практичноста е зголемена со можноста за преклопување, а
по потреба и отстранување на некое од задните седишта кога ќе се створи потреба
од превезување на погабаритни предмети.
Намената на Portofino дополнително е
нагласена со подот во кабината поставен со ламинирано дрво исто какво што се користи
за прекривање на палуба на јахта.
Големиот ролбар што штрчи на средина е врската на Portofino со
малечкиот ван Fiorino, но во истo време ги прикажува и теренските аспирации на
автомобилот, и најважното, претставува одлична заштита во случај на превртување.
Предниот крај на Portofino е
комплетно пресликан од оној на Fiorino, вклучувајќи го и предното стакло и отворот каде
претходно стоела врата. Тука нема никакви измени. Нема измени ниту во подвозјето
ниту во механиката. Единствено се поставени дополнителни зајакнувања на каросеријата
за да се компензира за цврстината што е загубена со отсекувањето на кровот.
Во Fiat подоцна планираат Portofino да го
опремат со плaтнен кров кој ќе ги штити патниците од дожд и сонце, но тоа се
само најави.
Portofino за сега
останува да биде само концепт кој за првпат на светската јавност ќе и биде
прикажан на Караван салонот во Дизелдорф, Германија кој се одржува од 29 август
до 7 септември.
|