Предизвикан од Audi RS6 кој од својот V10 со помош на
турбо истискува 580 КС, BMW на големо тестира прототип со две трубини закачени за
масивниот V10 на спортската лимузина М5.
Експертите во BMW очигледно сметаат
дека неговиот вриштечки атмосферски V10 со постоечките 507
коњски сили не е доволно моќен за да ја добие битката со RS6.
Причината за експериментирање со вградување на турбо
полначи е потврдата од неколку врвни тјунерски куќи дека моторот на М5 надуван
од две турбини може да чини чуда. Најновата модификација доаѓа од G-Рower.
Германскиот тјунер подготви битурбо верзија на V10 од М5 која со
зоглемен притисок од само 0,5 бари остварува моќни 730 КС. Кога ќе се пресмета
разликата во моќноста се добива бројка од безмалку 50 проценти повеќе снага во
однос на стандардниот мотор.
На последниот тест на патеката Нардо болидот, пардон,
спортската лимузина на G-Power, наречена Hurricane M5 достигна
максимална брзина од 322 km/h. Ова не се реалните можности на автомобилот бидејќи
мораше да се откаже поради проблеми со електрониката.
Развојните инженери во G-Power тврдат
дека Hurricane M5 може да достигне максимална брзина од 350 km/h. Што е
очигледен доказ и за изборот на името.
И секако најубавото секогаш доаѓа на крај. Во G-Power работат на
верзија кај која приисокот во турбината е подигнат на 1,0 бар што на крајот би
требало да произведе неверојатни 800 коњски сили.
Новиот пает за модификација на моторот би требало да биде
завршен до Нова година. Тогаш можеме да очеуваме детални податоци за работата
на инженерите во G-Power.
 
|