Со својот Huriccane M5 RS
германската тјунерска куќа повторно ја освојува титулата „Најбрз седан на
светот” кој е регистриран за да вози во редовен сообраќај.
Големата битка меѓу двете најценети германски тјунерски
работилници G-Power и Вrabus продолжува. G-Power специјализиран за
доработка на автомобилите на BMW ја доби последната рунда против тјунерот на Mercedes,
ексклузивниот Brabus.
Натпреварот за Најбрз седан на светот почна кога G-Power го
претстви својот Hurricane M5, направен на
основата на BMW M5, и со него успеа да оствари максимална брзина од 360 km/h.
Hurricane M5, остварува моќност од 730 коњски сили
добиени со вградување на два турбо полначи на оригиналниот V10 кој што
работи во серискиот M5. Зголемување на снагата од безмалку 50%.
Brabus веднаш го возврати ударот со својот Rocket,
модификувана верзија на Mercedes CLS, која под хаубата пакува моќен V12 исто така
со два турбо полначи кои дуваат доволно за автомобилот да достигне максимална
брзина од 365,7 km/h.
G-Power неможеше да идржи и да не даде одговор на ракавицата
фрлена в лице од Brabus. Одговорот доаѓа во форма на Hurricane M5 RS.
Наставката RS во името ги означува дополнителните
коњски сили кои излегуваат од под хауба. Доработувајќи го моторот на Hurricane
M5, инженерите во G-Power успеале да извлечат вкупно 750 коњски сили.
Плусот од 20 коњски сили бил доволен да го забрза Hurricane
M5 RS до максимална брзина од 367,4 km/h.
Со постигнатата брзина G-Power и Hurricane
M5 RS му ја земаа титулата на Вrabus и неговиот Rocket и сега се перчат
со епитетот Нaјбрз седан на светот регистриран за да вози во редовен сообраќај.
Дополнителните 20 коњски сили инженерите на G-Power успеале да
ги извлечат со зголемување на притисокот во двата турбо полначи. Според нив тоа
не е максимумот што може да се извлече од моторот.
Тие тврдат дека со зголемување на притисокот во турбо
полначите модификуваниот V10 може да понуди уште коњски сили, но за сега нема потреба
од вртоглаво зголемување на моќноста.
Очигледно е дека G-Power го чека
следниот потег на Brabus, односно претставувањето на нивниот нов супер седан,
во надеж дека повторно ќе успее да ја врати престижната титула.
|