Можеби Ford GT не се произведува повеќе но тјунерите се грижат да му
инјектираат доволно живот на овој супер спортски автомобил дизајниран во ретро
стил.
Најнoвата тјунерска креација за Ford GT доаѓа од Geiger
Cars кои успеаја да му ја зголемат моќноста за неверојатни 29 проценти.
Надуваниот мотор сега остварува 701 КС и максимален
вртежен момент од 837 Nm. Крајниот резултат е фаќање стотка за 3,5 секунди и
максимална брзина од 340 km/h.
Извлекување на толкави перформанси од веќе прилично
затегнатиот мотор на GT не е мала работа. Инженерите мораа да инсталираат многу
поголем механички компресор кој го зголемува притисокот од 0,8 на 1,25 бари.
Исто така е ремапирана ECU на
моторот, а поставен е и нов спортски филтер за воздух. Преработен е и издувот
кој сега има поголем проток, а завршува со цевки со пречник од 110 милиметри.
За да обезбедат целата оваа моќност правилно да се
пренесе на подлогата инженерите поработиле и на суспензијата која го доближува
автомобилот за 60 милиметри до асфалтот.
Вградени се и нови леснометални бандажи со пречник од 21
инчи назад и 20 инчи напред облечени во соодветни гуми со ширина од 325 назад,
односно 245 напред.
Убаво е што дизајнерите го оставиле првичниот успешен дизајн на автомобилот
негибнат. Единствена разлика во однос на серискиот модел е нов заден браник кој
во себе го носи модификуваниот издув.
|