|
13.08.2007 |
Avalanche GT2 650 Evo R е најбрзиот 911 со
Tiptronic на светот. Германскиот тјунер Gembala повторно
се поигра со еден од нивните најомилени автомобили Porsche 911.
Тие на својот модел Avalanche GT2
650 Evo R му поклонија многу поголема моќност од онаа на серискиот 911 Turbo,
овозможувајќи им на сопствениците да се перчат со мрсни 750 КС.
Времето кое е потребно за да бидете катапултирани до
100 km/h најверојатно ги заслужува дадените пари. 3,3 секунди се импресивна бројка
уште повеќе кога далечните 200 km/h ќе ги фатите за помалку од 10 секунди.
Максималната брзина исто така не е за потценување.
Црвениов ѓавол од Gembala постигнува максимални 335 km/h.
Како додаток на вџашувачките перформанси сопствениците
добиваат ексклузивен интериер и екстериер кој можеби нема да ги задоволи сите
вкусови, но става на знаење дека ова не е обично Porsche туку Gembala.
|