Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Gemballa Avalanche GTR 800 EVO-R
25.01.2008
gemballa-gtr-800-evo-r.jpgСекој што седнал за волан на Porsche 911 Turbo раскажува за неговата моќ и перформанси. Треба да им се верува на вакви среќници кои по ова искуство најчесто сакаат уште повеќе.

Тука во пресрет им излегува германската тјунерска куќа Gemballa и го претставува својот одговор на барањето во форма на последното издание на GTR 800 EVO-R. Доработките вклучуваат комплетно изменет преден крај со отвори на хаубата за одвод на топол воздух, нов браник со вграден спојлер, нови одвоени светла како сочива, потоа комплетно сменет заден браник и дводелно задно крило изработено до карбон-фибер.

Соодветно на изгледот се дотерани и перформансите. Снагата е подигната на 850 коњски сили, а максималниот вртежен момент може да се пофали со камионски 935 Nm.

За да се оствари сета оваа снага заменети се сериските турбо полначи со два нови од Garret со ознака Т035. Понатаму сменети се главите на цилиндрите на боксерот и поставени се оние од GT3-R, сериското коленесто вратило е исфрлено и на негово место е поставено ново целосно изработено од едно парче метал на CNC машина, плус, дополнително е термички обработено. Вградени се и специјални клипни лостови кои ја зголемуваат зафатнината на моторот на 3.8 литри.

Avalanche GTR 800 EVO-R лежи на леснометални бандажи составени од три дела со пречник од 19 инчи и обуени се во гуми Yokohama AVS Sport едни од ретките што можат да ја пренесат големата моќност на подлогата без големи губитоци. За да можат соодветно да се сместат под крилата дизајнерите во Gemballa ги прошириле со што е зголемена и ширината на автомобилот за неколку сантиметри. Покрај практичниот момент проширувањето на крилата многу придонело и за визуелниот дел. Вака автомобилот изгледа уште полуто.

Измени се направени и на суспензијата. Вградени се нови лежишта за секоја опружна нога (систем од амортизер вметнат во спирална пружина) и напред и назад, која специјално за GTR 800 ја изработуваат во H&R. За прецизно местење на сетапот, пружините имаат можност за висинско поддесување, ставена е и опција за поддесување на стабилизаторите во три позиции, а поставен е и систем за лесно менување на геометријата.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook