Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Гликенхаус го модификуваше своето Ferrari P4/5
26.09.2007
modifikuvan-p4-5-exhaustЗа оние што не се запознаени со приказната за Ferrari P4/5 еве кратка историја. Автомобилот е уникат и е изработен по нарачка за филмскиот продуцент Џејмс Гликенхаус.

Гликенхаус е поранешен менаџер во некој од богатите фондови на Волстрит кој прејде во филмски води и го замоли италијанскиот дизајнер и производител на каросерии Пининфарина, да го претвори супер автомобилот Enzo во современа реплика на тркачите P4/3 од шеесетите.

Сеуште незадоволен од автомобилот кој му беше испорачан минатата година Гликенхаус оттогаш го модификуваше поставувајќи издув во форма на триаголник наместо постоечките тркалезни цевки.

Кога го прашале дали модификацијата е козметичка или од практични причини Гликенхаус одговорил дека е помалку и од двете. Според модификаторот новата форма го подобрува протокот на гасовите од моторот и протокот на воздух кој води до задното крило.

Новиот сетап на издувот му ја олеснува работата на возачот кој на писта преку копче на централната конзола требаше дополнително да го отвори издувот за поголем проток.

Сега оваа перипетија ја нема, а ќар е погласна нота од издувот, што Гликенхаус го објаснува како прилично дива.

star-p4-5-exhaustferrari-p4-5ferrari-p4-5-glikenhaus

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook