|
25.04.2007 |
Јужно Африканскиот тјунер SporTech познат по
склоноста кон германски автомобили одлучи да го направи најбрзиот GTI на
планетата.
Во SporТech веќе се работи на ракетата за превоз на луѓе наречена P
Cubed Golf. Ќе биде направен да вози исто толку добро како што лета.
За летањето меѓу друго се задолжени 335 коњски сили.
Планот е овие 335 коњчиња да се извлечат од серискиот 2,0
литарски турбо, но SporTech крие како ќе го стори тоа. Доколку финтава им успее
стрелката на брзиномерот во P Cubed Golf треба да застане на 241 km/h. И бидејќи
нема многу опции што да се прави додека се патува со брзина од 0,2 маха во
автомобилот ќе биде вградено озвучување на Rockford Fosgate со моќност
од 1.8 kW или ако милувате повеќецифрени броеви 1.800 W. Системот
е надополнет со: три екрани на допир од 7 инчи, два плочести PC за
патниците назад, безжичен интернет, DVD со екран и subwoofer од 15 инчи
во багажникот. Ах, за малку ќе заборавевме, задната клупа е заменета со две
седишта Recaro идентични со оние напред.
Посакувате да го видите автомобилот во живо. Посетете го
салонот за тјунинг Castrol Extreme Show во Јужна Африка.
Доколку не ви се излегува од дома возете на интернет www.sportech.co.za.
|