Get Adobe Flash player

Golf R36 битурбо од HGP
13.02.2008
golf-r36-hgp-bi-turbo-1.jpgНе треба да му се лутиме на Volkswagen за одлуката да не го става својот 3.6 литарски V6 во Golf и место него се одлучува за послабата варијанта 3.2 литарецот кој работи под хаубата на Golf R32.

Причината за разбирањето лежи во тјунерска куќа HGP од Германија која со нетрпение ја чекаше одлуката на челниците на VW и на пазарот го понуди своето видување на тема Golf R36.

Сепак, тјунерите не би биле тоа што се доколку би се задоволиле со „ситните” 300 коњчиња што ги произведува серискиот атмосферски шест цилиндарец во V конфигурација.

Инженерскиот тим во HGP на моторот му додал два турбо полначи, плус интеркулер, плус ремапирана ECU и спортски издув и ја зголемил снагата на потентни 640 коњски сили. Потентни! Па тоа е на ниво на еден супер спортски автомоbил од типот Ferrari Enzo, Mercedes McLaren SLR или Lamborghini Murcielago.

Нормално како основа послужил серискиот Golf R32 со споменатиот 3.2 литарски V6 со 250 коњски сили и погон на четири тркала кој е извонреден тркач. Но, верзијата R36 на HGP со 640 коњски сили ја носи комбилимузината од компактната класа на друго перформансно ниво.

Официјални податоци за забрзувањето и крајната брзина сеуште нема, но, за споредба, можат да се земат постоечките бројки од претходната верзија на Golf R36 на HGP со малку поскромни 600 коњски сили.

Претходникот значи по спроведниот официјален тест на патеката во Нардо минатата година достигнуваше максимaлна брзина од 327 km/h, забрзуваше до 100 km/h за 3,8 секунди, а до 280 km/h забрзувањето траеше неверојатни 23,5 секунди. За очекување е дека годинава новото издание на Golf R36 ќе ги надмине, односно ќе ги скрати овие бројки.

И најубавото го оставаме за на крај.

Секому што не му се допаѓа изгледот на еден компакт со три или со пет врати во HGP може да нарача Passat во седна изведба, или пак, да се одлучи за теренецот Touareg.


 
Get Adobe Flash player