Годинава се чини дека мотор шоуто во Есен е вистински
тјунерски фестивал. Толку голем што и Volkswagen се одлучи да го
претстави својот прототип Golf RaVe 270.
Станува збор за концептен автомобил кој го прикажува
технолошкиот напредок на VW и можностите за кастомизација на интериерот. RaVe
270 сеуште не е предвиден да влезе во сериско производство, но прикажува што
се може да се направи со платформата на Golf.
Овој Golf Variant го добил своето име по снагата од 270
коњски сили и поседува навистина неверојатен аудио систем со јачина од 1.400 W, или ако
милувате 1.4 киловати. Тринаесет звучници, еден сабвуфер од 880 W и два
помошни сабвуфери од по 250 W се грижат патниците да се почуствуваат како да
преминуваат во течна состојба кога копчето за Volume ќе се
сврти докрај.
Забавниот систем вклучува и два 12 инчни монитори за
назад и систем за сателитска навигација кој користи РС процесор кој работи на
400 mhz.
Секако дека аудио и системот за забава се интересни, но
она вистинското што го прави Golf RaVe 270 да биде поразличен e моторот. Со
270 коњски сили четирицилиндарецот со турбо го претставува најмоќното издание
на Golf до сега – освен W12 650 – и
најмоќниот ќетирицилиндарец на VW на сите времиња.
RaVe го добива и погонот на четири тркала 4
Motion и менувачот со две спојки DSG. И покрај огромната снага и тежина поради сите перипетии
вградени во кабината и обликот на комби според производителот RaVe може во
просек да помине 100 километри со само 9,1 литри бензин.
Малку сомнително нели?
|