|
18.05.2007 |
На
собирот во Кернтен досега често се гледани добро навиени Golf GTI. На
годинашнава средба вниманието е свртено кон GTI W12-650 - Golf со
средишен дванаесетцилиндарец.
Не постои GTI што бил посилен, поширок или побрз од W12. Срцето на
возилото е шестилитарски мотор со дванаесет цилиндри и двојно
турбонатполнење, со сила од 650 КС и вртежен момент од 750 њутнметри.
Шестстепениот автоматик ја пренесува силата на средишно вградениот
мотор до задните тркала. Стартот до стотка трае само 3,7 секунди, а
крајната брзина е 325 километри на час.
И другите податоци на W12 се екстремни. Со ширината од 1,88 метри е
поширок за дванаесет сантиметри од серискиот Golf, а со спуштеното
подвозје е понизок е за осум сантиметри. Во поткрилата се вртат гуми со
ширина од 235 милиметри напред и 295 назад, со бандажи од 19 инчи.

За моторот да го добие потребниот воздух, задните странични стакла се
вовлечени навнатре за да се остави простор за големи отвори за воздух.
Во снабдувањето со воздух учествуваат и отворите во предниот браник и
каналите отстрана. Покривот од карбон што е поспуштен во задниот дел го
пушта воздухот под спојлерот и така функционира како дифузор.
Во соодветна форма е и внатрешноста. Школкасти седишта превлечени со
алкантара, три дополнителни инструменти како во првата генерација на
Golf GTI, противпожарен апарат и бројни преклопници како во вистински
тркач.
|