Способен да напаѓа и патишта и тркачки патеки веднаш по
напуштањето на производната лента на BMW М3 Coupe неможе да
му се најде замерка. Но, инженерите во Hartge мислат
поинаку.
Не затоa што имаат замерка на уличниот тркач на BMW туку затоа
што можат да го доработат и направат подобар. И бидејќи наместо еден кит во Hartge за М3
нудат цела програма, пред купувачот е поставен голем избор.
Стартот почнува со две ремапирани ECU. Едната со
подигнувањето на лимитот на максималната брзина на 291 km/h, а другата
комплетно отворена каде за максималната брзина на купето одлучуваат преносните
односи во менувачот и секако отпорот на воздухот.
Купувачот по вградувањето на нова ECU веднаш
добива препорака да внимава на ознаката на гумите за максимална дозволена
брзина доколку се одлучи за првиот пакет, а со вториот автоматски добива нови
гуми Pirelli P Zero кои можат да издржат максимални 340 km/h.
Други преработки на моторот нема. Очигледно е дека
инженерите во Нartge сметаат дека нема потреба од тоа.
Понатаму на купувачот му стои на располагање спојлер на
багажникот, детали од краборн-фибер внатре и надвор, кастом кожни волани дело
на Hartge расположиви во пет верзии, алуминиумски педали, рачка од
менувачот исто така од алуминиум. Следува рачна кочница со кожа, карбон-фибер и
алуминиум и посебни патосници.
За оние што сакаат уште повеќе ексклузивност Hartge
нуди рачка од менувач од скапоцено дрво, осветлена рачна сопирачка и волан
со автентично лого на тјунерот.
Во Hartge ја завржуваат програмата со два комплета на леснометални
бандажи и гуми. И двата коплета ги сочинуваат тркала со пречник од 20 инчи и ширина
од 9 инчи напред и 10 инчи назад. Предните носат гуми 245/30, а задните 285/25
или 295/25.
Доколку се одберат целосен пакет од програмата на Нartge тогаш ова
задоволство чини 6.000 евра. Можеби се чини многу, но брзо ќе заборавите на
парите кога ќе сватите дека бришкате со преку 320 km/h.
|